Новак Ѓоковиќ одигра уште еден одличен меч и со 3:0 (7:5 6:1, 6:2) во сетови за два часа и 20 минути игра беше подобар од Американецот Томи Пол кој приреди големо изненадување со самиот пласман во полуфиналето, па Србинот в недела ќе игра против Стефанос Циципас откако го победи Карен Хачанов
Со оглед на тоа како Ѓоковиќ одигра против Де Минор и Рубљов , српскиот тенисер важеше за голем фаворит во денешниот меч и таа улога ја оправда. Се држеше Пол денес само во првиот сет кога освои пет гема, но тогаш Ѓоковиќ со брејк во 12-тиот гем го освои сетот.
Вториот сет донесе многу поубедлива игра на Ѓоковиќ, а единствениот гем Американецот го освои при водство на Новак од 5:0. Слична беше и ситуацијата во третиот каде што Ѓоковиќ му дозволи еден гем повеќе.
Во своето 10-то финале во недела Ѓоковиќ ќе игра против грчкиот тенисер Стефанос Циципас кој претходно го победи Карен Хачанов во меч кој траше 3 часа и 24 минути, а Гркот го доби со 3:1 во сетови (7:6, 6:4, 6:7, 6:3).