Јапонскиот телескоп „Субару“ неодамна фати необичен феномен во својот објектив. Тој снимил спирала како се формира на небото над Хаваи.
Пред неколку дена камерата на јапонскиот телескоп Субару го сними моментот кога на небото над Хаваите блесна спирала. Истражувачите од јапонската Национална астрономска опсерваторија што го надгледуваат телескопот објавија на Твитер дека овој необичен феномен најверојатно е поврзан со неодамнешното лансирање на нов сателит од американската компанија SpaceX, според Си-Ен-Ен.Според експерт, вонреден професор Крис Комбс од Универзитетот во Тексас во Сан Антонио (UTSA), вакви настани обично се случуваат кога дел од сателитот испушта гориво или испушта траги од издувни гасови додека се врти, според Си-Ен-Ен.
Јапонската национална астрономска опсерваторија потсети дека такви настани биле забележани и во минатото – вклучително и кратко по лансирањето на ракетата Фалкон 9 во Калифорнија минатата година.