Петар Грашо и Хана Хуљиќ се појавија на доделувањето на музичките награди во Белград.
MAC 2023 во Белград ги собра најголемите регионални ѕвезди, а на настанот пристигна и Петар Грашо со сопругата Хана Хуљиќ. Грашо остана верен на костумите и на тој начин избра класично црно, додека Хана целосно воодушеви во долгиот црн фустан.
Да потсетиме, Хана Хуљиќ и Петар Грашо наскоро ќе ја крстат својата ќерка Алба која се роди во јули минатата година. Двојката се венча во Сплит на 19 февруари 2022 година, опкружена со семејството и блиските пријатели.
Тој откри и како течат подготовките за крштевката на Алба.
„Анонимно и стабилно. Пред четири дена договоривме прелиминарен термин, а пред три дена веќе беше објавено во медиумите. Не знаеме како да го заштитиме сето тоа заедно“, рекол кратко за „Стори.хр“.
Тој проговорил и за врската со Данијела Мартиновиќ.
„Јас не сум во кавга со никого. Секогаш ние сме во добри односи“, додал тој.
Да потсетиме, Грашо ги откри плановите за музичката кариера за 2023 година, а откри и на што најмногу се радува.
„Има многу планови кои треба да ги реализираме, нѐ очекува турнеја низ Америка и Канада, планирана е и Австралија. Најмногу сум фокусиран на завршување на новата песна која ќе излезе на крајот на февруари, а планот е конечно да го објавиме албумот. Во виорот на сето тоа, најважно ми е да се посветам на семејството колку што можам повеќе и да уживам во моментите на растењето на детето бидејќи тоа е неопислив извор на радост“, изјави тој за „Јутарњи лист“.
Така популарниот музичар на некој начин им одговори на сите кои го критикуваа уште од раѓањето на ќерката Алба дека премалку време поминува со семејството.