More

    Таткото на Ѓоковиќ за скандалот со руските навивачи

    spot_img

    Срѓан Ѓоковиќ, таткото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, објави дека нема да присуствува на денешниот полуфинален натпревар на Австралија опен во Мелбурн, кој неговиот син Новак Ѓоковиќ го игра против Американецот Томи Пол.

    Таткото на српскиот тенисер доби остри критики откако се сликаше со навивач кој носи знаме со ликот на рускиот претседател Владимир Путин по четвртфиналниот меч на неговиот син во Мелбурн против Русинот Андреј Рубљов.

    – Тука сум само за да го поддржам мојот син. Немав намера да предизвикувам такви наслови и немири. Бев надвор со навивачите на Новак, како и после секој натпревар кога ги славам неговите победи, и се фотографирав со нив. Не ми беше намерата да се вклучам во сето ова. Моето семејство помина низ ужасот на војната и сите ние само сакаме мир. Ќе го гледам натпреварот од дома – изјави таткото на Новак Ѓоковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img