Мицкоски порача дека Врховниот суд треба што поскоро да одлучи да го врати во прв степен предметот за случувањата во Собранието од 27 април

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска порача дека Врховниот суд треба што поскоро да одлучи да го врати во прв степен предметот за случувањата во Собранието од 27 април.

На новинарско прашање дали ќе го поддржат предлогот од неколку адвокати за делумна или целосна амнестија за лицата осудени за случувањата од 27 април, тој потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за 27 април е јасен, односно, како што рече, луѓето се обвинети за нешто што не го сториле и бараат правда, а не амнестија и милост.

– Јас колку што сум информиран, предметот се наоѓа пред Врховниот суд, Јавното обвинителство доставило свое мислење и оти Врховниот суд треба да одлучува. Треба час поскоро да одлучи да го врати во прв степен бидејќи тие сѐ се, но само не се терористи. И тие луѓе и на судењето, еве Јане Ченто тоа ќе го каже во своите завршни зборови. Јас барам правда, да бидам суден за тоа што сум го сторил, а не за тоа што вие политички мене ме гоните – рече Мицкоски при денешната посета на Општина Кисела Вода.

Тројца адвокати денеска го поднесоа нивниот предлог-закон за амнестија до Собранието. Тој предвидува поништување на казните на оние лица осудени на до 10 години или преполовување за оние осудени на над 10 години. Пред пратениците законот ќе се најде во понеделник.

Меѓу другите одговори, Мицкоски го коментираше и излагањето на претседателот на ДУИ Али Ахмети пред украинска делегација, во кое, како што пренесоа албанските медиуми, дал совет Украинците никогаш да не се предаваат, како што не се предала УЧК во 2001 година во војната во Македонија, порачувајќи следен пат кога ќе дојде делегација од Украина „да кажат колку десетици милиони евра имаат повеќе луѓето што го опкружуваат него и раководството на ДУИ”.

– Јас сум бил доброволец во таа војна и немам чувство дека се тие победници во таа војна, но истовремено претпоставувам им кажал и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на фамилијата на Ахмети и на луѓето кои го опкружуават на сметка на инвалидите или на луѓето кои го загубија животот од татковинската војна во 2001 година кога македонските полициски и армиски сили храбро се бореа да го задржат суверенитетот и интегритетот на нашата Македонија и како еден вид подарок на жртвите од нашата татковинска војна името на овој парк каде се ноаѓаме денеска е токму на еден таков бранител. Добро е следен пат кога ќе дојде делегација од Украина да кажат колку десетици милиони евра имаат повеќе луѓето што го опкружуваат него и раководството на ДУИ – рече Мицкоски.

Мицкоски во коментар на најавите за ново парламентарно мнозинство на власта наведе дека „со закани и уцени се притискаат пратеници во Парламентот” и оти со секој поминат ден, пред сè, СДСМ губат по еден пратеник.

–              Нема да влезам во трката во којашто се влезени полусветот управуван од раководството на ДУИ и СДСМ коишто со закани и уцени ги притиска пратениците во Парламентот. Со секој еден изминат ден тие губат еден пратеник, тука пред се зборувам на СДСМ. Колку побргу заминат толку помалку пеколен ќе биде нивниот крај. Колку подолго останат таму и колку подолго се вовлечени во криминал и корупција толку попеколен ќе биде нивниот крај – изјави денеска Мицкоски, во одговор на новинарско прашање при посетата на Општина Кисела Вода.

За ставот на премиерот Димитар Ковачевски „дека не гледа проблем во тоа дека граѓаните не се прашани за уставните измени”, Мицоски  посочи дека „премиерот не излегол на избори, а откако е поставен државата продлжила да тоне”,

- Advertisement -
Ad image

–              Што очекувате од човек кој е поставен, излегол и не излегол на избори да ги праша граѓаните, да стегне рака, да ги погледне во очи? Тој човек не беше избран, ставен таму, една година помина еве откако е таму, кажете ми што се случи, дали имаме нешто што се подобри во државата. Сосема спротивно, државата продлжи да тоне и да се враќа назад. Менталната матрица на тој човек и на тие луѓе се такви, тие се назначени, не бирани, затоа што кога би сакале да бидат бирани, а генерал се станува во војна, во битка, тогаш треба да излезе на мегдан да видиме колку тежи и тогаш граѓаните ќе оценат дали тој треба да биде таму или не. Така што, јас од него, од  таа ментална матрица, буквално не очекувам ништо.

Share This Article