Во текот на вчерашниот ден со директорката на Преда Плус Фондација, Маријана Милевска беше потпишан Меморандум за соработка во насока на развивање на стартап еко-системот за поддршка на претприемничка култура и иновации во Преспанскиот регион.
Со Меморандумот е предвидено интензивирање на соработката со цел унапредување, промовирање и поттикнување на развојот на стартап сцената во општина Ресен преку поддршка на иновативни бизнис идеи.
ПРЕДА ПЛУС Фондација во рамки на своето делување ќе реализира акцелераторски стартап програми во општина Ресен, кои преку специјално дизајнирани обуки, тренинзи и друг тип на услуги за поддршка на стартапи и иновативни бизнис решенија ќе придонесат во економскиот развој на регионот.
Во насока на обезбедување на успешна соработка,општина Ресен ќе придонесе во воспоставување на мрежа за соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор во општина Ресен, размена на идеи и информации за поддршка на атрактивни бизнис идеи како и промоција на програмите и услугите на Преда Плус Фондација за поддршка на иновативни бизнис решенија.
Воспоставената соработка во насока на развој на стартап заедницата во Преспанскиот регион може да биде првиот чекор кон самовработување, создавање модерни работни места и други извори на инвестиции.
Реализирањето на акцелераторската стартап програма на Преда Плус Фондација во општина Ресен, е поддржано од проектот „ЕУ за економски раст“ кој е финансиран од ЕУ и Германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски акции, а имплементиран од страна на ГИЗ – Германското друштво за меѓународна соработка и AreaSciencePark.
Општина Ресен е отворена за соработка, особено за атрактивни и иновативни идеи кои ќе придонесат во целокупниот развој на општината. Она што особено не радува е можноста да бидеме дел од зедничка иницијатива со Преда плус Фондација, која ќе го поттикне развојот старт-ап заедницата во преспанскиот регион и ќе креира модерни работни места и други извори на инвестиции. Како Општина, подготвени сме да дадеме проидонес во сите фази од имплементацијата на акцелераторската стартап програма, особено при размена на идеи и информации за поддршка на атрактивни бизнис идеи како и промоцијана услугите на акцелераторката стартап програма на Преда плус Фондација.