More

    ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ ИСПЛАЌААТ ОД 30 ЈАНУАРИ

    spot_img

    На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за месец јануари 2023 година, која треба да овозможи пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30 јануари и тоа во четири групи.

    „За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30 јануари (понеделник), за пензии со висина од 11.001 до14.000 денари, исплатата да се изврши на 31 јануари, (вторник), за пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари, исплатата да се изврши на 1 февруари (среда) и за пензии со висина над 18.001 денар, исплатата да се изврши на 2 февруари (четврток)“, информираат од Владата по завршувањето на денешната 121-ва седница.

    На седницата беше одлучено и дека ќе се воспостави Национален електронски идентитет за секој граѓанин.  Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за внатрешни работи, за потребата од изработување План за воспоставување Национален електронски идентитет за секој граѓанин и го разгледа и прифати Планот, заедно со План за реализација.

    Целта е доделување електронски идентитет на граѓаните на Република Северна Македонија, што, според посочувањето од Министерството за внатрешни работи, треба да е носечки столб за дигиталната трансформација на општеството, со тоа што ќе овозможува унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата така и надвор од неа (земјите од Западен Балкан и Европската Унија).

    Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со Планот за реорганизација на Министерството за економија, при што е задолжено Министерството да го спроведе Планот, според роковите утврдени во него.

    Планот предвидува спојување на Државниот пазарен инспекторат со Државниот инспекторат за техничка инспекција и формирање единствена институција од типот на инспекциски надзор, подредена на Министерството за економија –  Државен пазарен и технички инспекторат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img