More

    Зеленски вели „ќе бидам изненаден ако нè нападнат“

    spot_img

    Во Украина се издадени предупредувања за воздушни напади. Новинарот Иан Мекдоналд од Би-Би-Си јавува дека набљудувачката група која ја набљудува Белорусија пријавила борбен авион кој полетал во Белорусија, по што се огласи алармот. Се работи за видео од Миг-31 кое кружи на социјалните мрежи. Ваквите авиони се способни да носат нуклеарни ракети од типот „Кинжал“.

    Претходно денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Украина ѝ понудила на неговата земја пакт за ненапаѓање.

     

     

    – Не знам зошто Украинците го прават ова. Од една страна бараат од нас да не влегуваме во војна со Украина во никој случај, нашата армија да не оди таму. Тие предлагаат да се склучи ненапаѓање пакт. Меѓутоа, од друга страна, тие подготвуваат хаос и ги вооружуваат милитантите. Полска и Литванија целосно полудеа. Зошто им треба ова? Не е јасно. Затоа сме принудени да реагираме жестоко – рече Лукашенко на средба за општествено-политичката состојба во државата.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не ја исклучува можноста Русија да ја нападне неговата земја од соседна Белорусија.

    – Меѓутоа, за Украина ќе биде вистинско изненадување доколку биде нападната од самата Белорусија – додаде истовремено Зеленски, цитиран од УНИАН.

    Украинскиот претседател зборуваше на заедничката прес-конференција во Киев со неговиот фински колега Саули Ниинисто.

    Британските медиуми посочуваат дека Русија ја искористи Белорусија како отскочна даска за инвазијата врз Украина на 24 февруари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img