Нешто по 11 часот почна седницата на Владата на Србија, на која претседателот на Србија Александар Вучиќ треба да ги информира премиерката Ана Брнабиќ и министрите за разговорите со меѓународните претставници за европскиот предлог за Косово.
Вучиќ во петокот, по разговорите со претставниците на САД и ЕУ во Белград, рече дека Србија е подготвена да го прифати концептот на европскиот план и да работи на спроведувањето на предложениот договор за дијалог со Косово, „со едно предупредување“.
Ова на новинарите им го потврди специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, словачкиот дипломат Мирослав Лајчак.
Вучиќ денеска во 20 часот ќе им се обрати на граѓаните, соопштија од неговиот кабинет.