More

    Бразил и Аргентина размислуваат за воведување заедничка валута

    spot_img

    Претседателите на Бразил и Аргентина, Луис Инасио Лула да Силва и Алберто Фернандез објавија во заедничка изјава дека двете најголеми јужноамерикански земји работат на поцврста економска поврзаност, која би вклучувала и воведување заедничка валута.Овој проект првично ќе биде билатерален, но идејата е оваа иницијатива на крајот да вклучи и други земји од Латинска Америка.

    „Нашата намера е да ги отстраниме бариерите кои ја спречуваат нашата размена, да ги поедноставиме и модернизираме правилата и да ја поттикнеме употребата на локалната валута. Исто така, решивме да ги унапредиме разговорите за воведување заедничка јужноамериканска валута која би можела да се користи и во финансискиот и во комерцијалниот сектор, со што ќе се намалат трошоците како и нашата надворешна ранливост“, се вели во соопштението.

    Во текот на оваа недела во Буенос Аирес ќе се одржи состанок на кој ќе се разговара за тоа како новата валута, за која се предлага името „сур“ (југ), ќе го зајакне регионалниот пазар и ќе ја намали зависноста од американскиот долар.

    Разговорите меѓу Бразил и Аргентина за воведување на заедничка валута беа одржани и во 2019 година, но тогаш идејата беше отфрлена од бразилската централна банка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img