More

    Од утре, недела 22 јанаури почнува скијачата сезона на Попова Шапка

    spot_img

    Од утре, недела 22 јанаури, ќе може да се скија на Попова Шапка, инфомираат од ски-центарот откако изминативе десетина дена наврнаа потребните 30-40 сантиметри снег за да може да се подготват патеките. Ски-лифтовите и жичарниците ќе работат од 8:45 до 15:30 часот, додека работно време на билетарниците е од 8:00 до 16:15 часот.

    – Се е подготвено за скијање, со специјалните возила и машини „ратраци” за обработка и подготување на скијачките терени се оспособија патеките за скијање. Скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница, изјави Живе Алексовски, извршен директор на ЕЛЕМ Турс.

    На Фејсбук профилот на ски центарот се објавени и цените за користење на ски-лифтовите и жичарниците. Има можност за набавка на дневни, полудневни и сезонски билети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img