Неколку илјади луѓе, се собраа синоќа пред Бундестагот во Берлин во знак на протест поради одложувањето на германската влада на Украина да ѝ испрати тенкови „леопард“.
– Ослободете ги леопардите – гласеше една од пораките на транспарентите на демонстрантите меѓу кои имаше и Украинци, упатена до германскиот канцелар Олаф Шолц.
Берлин во последно време се соочува со притисок од сојузниците да ѝ испрати тенкови на Украина, која се брани од руската инвазија.
Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Мелник, вчера изрази фрустрација поради неодлучноста на Германија дали да ги испрати своите тенкови Леопард 2 во Украина.
Говорејќи за Си-Ен-Ен , Мелник го нарече недостатокот на дејствување на Германија „разочарување“, откако најпрво го пофали Обединетото Кралство и ветувањето за тенкови „Челинџер 2“, додавајќи дека се надева оти овој потег може да ги поттикне другите земји да го следат примерот.