Риши Сунак казнет бидејќи не носел појас на задното седиште

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицијата во Ланкашир соопшти дека на 42-годишен маж во Лондон му издала условна понуда да ја плати казната за да не оди на суд.

Владата соопшти дека премиерот Сунак „целосно прифаќа дека ова е грешка и се извинува“, додавајќи дека ќе ја плати казната.

Патниците што во Британија ќе бидат фатени дека не го врзале појасот кога го има, може да бидат казнети со парична казна до 100 фунти.

Ова може да се зголеми до 500 фунти ако случајот отиде на суд.

Премиерот бил во Ланкашир кога се снимало видеото, за време на патување низ северна Англија.

Видеото за промовирање на најновото владино „порамнување“ на трошоците беше објавено на инстаграм-профилот на премиерот Сунак.

Ова е втор пат Сунак да добие таква казна откако е во владата.

Минатиот април, тој беше казнет заедно со Борис Џонсон и сопругата Кери за кршење на правилата за карантин поради ковидот присуствувајќи на роденденски собир на тогашниот премиер на Даунинг стрит во јуни 2020 година.

Сунак мора да ја плати казната во рок од 28 дена.

- Advertisement -
Ad image

Либералдемократите рекоа дека станувајќи вториот актуелен премиер во историјата што е казнет од полицијата, тој „го покажал истото непочитување на правилата како Борис Џонсон“.

Заменик-лидерката на либералдемократите Дејзи Купер рече: „Од скандалот со роденденот до скандалот со појасот, овие конзервативни политичари едноставно го третираат британскиот народ како будали. Иако тие продолжуваат да се однесуваат како да е едно правило за нив, а друго за сите други, оваа парична казна е потсетник дека конзервативците на крај си го добиваат заслуженото“.

Share This Article