Џесика Честејн, Роби Вилијамс, Џорџ Буш и Џастин Тимберлејк се само дел од познатите личности кои имаат сопственички удели во спортски клубови. Некои од нив купија акции по случаен избор – само за да бидат дел од одборот сопственици, а други ги избраа своите омилени тимови.
Елтон Џон и Ватфорд
Британскиот пејач Елтон Џон го презеде раководството на англискиот фудбалски клуб Ватфорд и стана негов сопственик во 1976 година, а потоа и почесен претседател. Во периодот кога тој беше претседател клубот ги постигна најголемите успеси. Тој поднесе оставка во 2008 година поради незадоволство од тогашното раководство.
Натали Портман и ЖФК Ејнџел сити
На иницијатива на Холивуд, Лос Анџелес во 2020 година доби женски фудбалски клуб – Ејнџел сити ФК, во сопственост на Натали Портман. Во одборот се и Серена Вилијамс, Џесика Честејн и Џенифер Гарнер, а списокот славни инвеститори постојано расте.
Вил Смит, Џејда Пинкет и Филаделфија севентисиксерс
Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет се сопственици на НБА-клубот Филаделфија. Американските глумци се во инвестициска групација што купи дел од акциите на кошаркарскиот клуб. Со овој потег, Вил ја покажа љубовта кон градот Филаделфија, каде што и израсна.
Џастин Тимберлејк, Џесика Бил и Гризлис
Американскиот кошаркарски клуб Мемфис гризлис е делумно во сопственост на сопружниците – пејачот Џастин Тимберлејк и глумицата Џесика Бил, кои се малцински партнери во одборот на НБА-клубот. Инаку, Тимберлејк е самопрогласен „зависник од кошарка” кој редовно ги посетува натпреварите на ЛА лејкерс.
Вил Ферел и ФК Лос Анџелес
Можеби еден од најпознатите американски холивудски комичари – Вил Ферел е страстен фудбалски навивач. И не само што е навивач, туку е и сосопственик на ФК Лос Анџелес.
Џорџ Буш и Тексас ренџерс
Поранешниот претседател на САД, Џорџ В. Буш во 1989 година потроши 500.000 долари за да купи дел од американскиот рагби-тим Тексас ренџерс, со група инвеститори за вкупна куповна цена од 89 милиони долари.
Роби Вилијамс и Порт Вејл
Иако живее во Лос Анџелес, поп-пејачот Роби Вилијамс не заборава на своето соседство и детските желби за кои сонувал како дете кога ја шутирал фудбалската топка. Малиот клуб Порт Вејл од Стоук-он-Трент, каде што музичарот пораснал, пред неколку години бил во финансиски проблеми и Роби веднаш купил акции.
Дејвид Бекам и Интер Мајами
Клубот што во последно време најмногу се споменува како можен работодавец на најдобрите играчи во светот, е Интер од Мајами, САД, каде што еден од сопствениците е поранешната фудбалска ѕвеезда од Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Милан – Дејвид Бекам, заедно со Хорхе и Хозе Маса. Во септември 2021 година, Бекам го зголеми својот сопственички удел и беше клучен во откупот на Марсел Клор и Масајоши Сон.