Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да ја забрзаат испораката на оружје бидејќи „нема време за одложување“, велејќи дека на неговата земја и се потребни стотици тенкови за да се одбрани од Русија.
„Кремљ мора да загуби. Русија сака моќ да уништи други народи и тие отворено зборуваат за тоа во Москва“, рече Зеленски, додавајќи дека Русија ги концентрира своите последни сили обидувајќи се да ги убеди сите други дека омразата може да победи.
„Затоа мораме да дејствуваме брзо“, рече Зеленски во воздухопловната база Рамштајн, пренесува BBC.
На состанокот на министрите за одбрана и началниците на генералштабовите на армиите на членките на НАТО и земјите партнери за понатамошната помош на Украина, тој се заблагодари за поддршката, пред се за артилериските алатки испратени од неговите сојузници и Западот, но рече дека немаше време за губење и одложување.
„Русија сака да ги уништи универзалните човечки вредности. Во ваша моќ е да гарантирате испраќање на артилерија што ни треба“, ги предупреди Зеленски министрите за одбрана од околу 50 земји собрани во Рамштајн.
Тој ги повика да не дозволат светски поредок „каде ќе владее омразата“ и да ги удвојат напорите да и помогнат на Украина да се одбрани од Русија.