ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Исусовото крштевање е поттик да ја следиме верата, а Бог ни го покажува патот на прочистувањето.
Токму таа сила и волја во верата на народот носат подобра лична иднина, но и посветла иднина на Охрид и Македонија.
Светиот Крст да донесе здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба во сите домови.
Нека е честит и вековит празникот Богојавление – Водици!
Бог се јави!
Навистина се јави!