More

    Лавров ја пофали изјавата хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој викендов во Вуковар изјави дека „Вашингтон и НАТО водат индиректна војна против Русија преку Украина“

    spot_img

    Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ја пофали изјавата хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој викендов во Вуковар изјави дека „Вашингтон и НАТО водат индиректна војна против Русија преку Украина“, пишува Индекс.

    – Неодамна хрватскиот претседател Милановиќ рече дека ова е војна на НАТО. Тоа е чесно и фер – изјави денеска Лавров на пресконференција во Москва.

    Изјавите на Милановиќ продолжуваат да изненадуваат. Хрватскиот претседател, кој претходно неколку пати се спротивстави на учеството на Хрватска во мисии во Украина, смета дека одлуката за вмешаност треба да биде избор на неговата држава, а не наметната од големите сили.

    – Одлуката е ЕУ да учествува во војна за прв пат во својата историја. А тоа е против Договорот за функционирање на ЕУ, бидејќи предвидува само мисии надвор од територијата на ЕУ – рече неодамна Милановиќ.

    – Планот не може да биде смена на Путин. Планот не може да биде санкции. Ова е глупост. Нема да постигнеме ништо. Не го скршија ни Милошевиќ со санкции. Одат од војна во војна. Што да бидеме ние? Американски робови? – прашува тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img