Минатиот викенд во Лос Анџелес беше организирана БАФТА „Tea Party“, а принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл не биле поканети.
Како што вели извор за „Сан“, доаѓањето на Хари и Меган би било вистинска „ПР катастрофа“ па мислеле дека би било ужасна идеја да бидат поканети.
„Принцот Хари жестоко го нападна кралското семејство во неговата книга и документарната серија. Американскиот тим потсети дека неговиот брат, принцот Вилијам е претседател на БАФТА“, рекол изворот.
„Значи, за нив пуштањето на црвениот тепих на Хари и неговата сопруга би било како да активирате нуклеарна бомба. Тоа е забрането“, додал изворот.
Тој исто така нагласил дека секој негативен разговор за Вилијам ќе стане вирален, а тоа би било поразително.