Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Сулавеси во средата наутро по локално време, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).Земјотресот се случил на длабочина од 145 километри, а засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. Точно 48 часа претходно, сепак, земјотрес со јачина од 6,2 степени беше регистриран во близина на индонезискиот остров Суматра, кој се наоѓа источно од островот Сулавеси.
Земјотресите се многу чести во Индонезија, која се наоѓа во т.н „Огнен прстен на Пацификот“. Во земјотресот што се случи на 21 ноември минатата година во густо населена област во провинцијата Западна Јава, со јачина од 5,6, загинаа 602 лица.
Најсмртоносниот земјотрес некогаш регистриран во Индонезија се случи на 26 декември 2004 година, при што загинаа повеќе од 230.000 луѓе во Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, бидејќи тресењето на земјата предизвика огромни бранови кои достигнаа висина од 30 метри. Тој земјотрес бил со јачина од 9,1 степени.