Историскиот меч ќе инкасира 10 милиони евра во касата на ПСЖ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пари Сен-Жермен ќе заработи значителни финансиски средства за натпреварот во Саудиска Арабија.

Парижаните в четврток на 19 јануари ќе играат во Ријад со саудискиот ол-стар тим составен од фудбалери на Ал-Хилал и Ал-Наср.

За Ал-Наср од неодамна настапува Кристијано Роналдо и според најавите тој ќе ја носи капитенската лента на ревијалниот меч.

Според„ L’Equipe”, овој натпревар на ПСЖ ќе му донесе нешто повеќе од 10 милиони евра. Оваа сума клубот ја вклучи во буџетот за сезоната 2022/23, бидејќи очекува да покаже финансиски резултат подобар од минатата сезона кога парижаните имаа загуба од 369 милиони евра.

Share This Article