Американската амбасадорка Агелер го запозна поглаварот Стефан

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска во Архиепископската резиденција ја прими новата американска амбасадорка во земјава Анџела Агелер, придружувана од претставници од Одделот за политички прашања во Амбасадата на САД во Скопје.

„Неговото Блаженство ја запозна амбасадорката Агелер со духовниот живот и актуелностите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во татковината и меѓу иселените Македонци по светот и посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, изрази надеж дека за време на нејзиниот мандат дополнително ќе се продлабочат пријателските и културните врски помеѓу нашите народи и земји“, соопштија од МПЦ-ОА.

На средбата, којашто, како што се наведува во соопштението, поминала во срдечна атмосфера, присуствуваа и епископот хераклејски г. Климент и деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски”, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.

Share This Article