Познатиот британски рок музичар Ноел Галагер по 22 години раскина со Сара Мекдоналд. Двојката беше во брак 12 години.
„Ноел и Сара ќе продолжат да се грижат за своето дете заедно, што останува нивен приоритет“, изјави портпаролот на парот за People. „Ноел и Сара бараат од медиумите да ја почитуваат нивната приватност и приватноста на нивното семејство во овој момент“, додаде тој.
55-годишната пејачка и 51-годишниот публицист се венчаа на приватна церемонија во Њу Форест во Англија во јуни 2011 година, пренесува NME. Заедно имаат два сина: 15-годишниот Донован и 12-годишниот Сони.
Ноел и Сара се запознале во 2000 година во ноќен клуб на Ибица. Галагер во интервју за британскиот Вог во 2020 година рече дека тоа е љубов на прв поглед.
Музичарот беше во брак и со Мег Метјус, со која ја има 22-годишната ќерка Анаис.
Ноел го напушти Oasis во 2009 година по бурната врска со неговиот брат и колега од бендот, Лиам. Во тоа време, во изјавата за неговото заминување, тој рече: „Едноставно не можев да работам со Лијам еден ден повеќе“. Оттогаш, Лијам го молел својот брат да се врати, но Ноел одбил. Во 2020 година, тој изјави за британски Вог дека понекогаш размислувал за тоа. „Често си мислев: Ајде да продолжиме со концертот. Но, сфатив дека тоа ќе го направам само за да го замолчам проклетиот идиот“.
За време на викендот, Галагер се огласи на Твитер за да сподели видео од музичкото студио. „17. 1. 23“, додаде тој на видеото, навестувајќи дека ќе биде објавен нов музички материјал.
Тој оваа година треба да го издаде својот последен албум High Flying Birds..