More

    Кличко предупреди дека инфраструктурата во Киев може да ја снема секоја секунда

    spot_img

    Инфраструктурата на Киев може да се урне во секоја секунда, бидејќи спорадичните руски ракетни напади и ниските зимски температури вршат се поголем притисок врз локалните власти, изјави градоначалникот на украинскиот главен град Виталиј Кличко.

    Тој и неговиот брат Владимир изјавија дека западните сојузници мора да го забрзаат распоредувањето на противвоздушни одбранбени системи способни да соборуваат руски ракети.

    Киев ја обвинува Москва дека гаѓа цивили и клучна инфраструктура, ги загрозува снабдувањето со електрична енергија, вода и греење.

    – Не зборуваме за колапс, но тоа може да се случи во секоја секунда (бидејќи) руските проектили може да ја уништат нашата важна инфраструктура во Киев – рече Виталиј Кличко.

    Тој додаде дека енергетскиот дефицит во главниот град моментално е 30 отсто.

    – Во моментов во Украина е прилично студено и животот без струја и греење е речиси невозможен. Ситуацијата е критична. Се бориме да преживееме – изјави Кличко на маргините на годишниот Светски економски форум (СЕФ) во Давос.

    Поранешните светски шампиони во бокс во тешка категорија, браќата Виталиј и Владимир, се дел од пошироката украинска деловна и политичка делегација на самитот на СЕФ во Давос.

    – Важно е да нема двоумење дали да се испорача оружјето што ни е толку потребно, туку да го доставите што е можно поскоро. Во спротивно, ќе продолжиме да ја губиме нашата инфраструктура и што е најважно, нашите најдобри луѓе – рече Владимир Кличко, додавајќи дека очекуваат ескалација на северот на Украина од правец на Белорусија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img