More

    Масакр во семејна куќа во Калифорнија, убиени се 6 лица

    spot_img

    Шест лица загинаа, а меѓу нив и едно бебе, откако вечерва бил извршен напад на семејна куќа во централна Калифорнија, јавуваат светските медиуми.

    Меѓу убиените во масакрот се 17-годишна мајка и нејзиното шестмесечно бебе, изјави пред новинарите шерифот на округот Туларе, Мајк Будро, пишува „Еј-би-си њуз“.

    – Имаме преживеани – рече шерифот Мајк Будро.

    Властите не уапсиле ниту еден осомничен, а веруваат дека нападот го извршиле две лица.

    – Веруваме дека се работи за нешто лично – рекол Будро.

    Полицијата смета дека во овој случај се вмешани криминални нарко банди.

    Некои жртви биле пронајдени во куќата, додека други биле пронајдени надвор на улицата. На еден маж, кој бил ранет кога пристигнала полицијата, му биле санирани повредите во болница.

    – Во моментов нема повеќе информации што можам да ги споделам со вас – заклучил Будро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img