More

    Полицаец призна дека 20 години силувал жени

    spot_img

    Полицаец од Лондон денеска се изјасни за виновен по 24 точки од обвинение за силување и злоставување жени во период од 2003 до 2020 година, со што е еден од најтешките сексуални престапници во британската историја.

    Лондонската полиција и државното обвинителство објавија дека Дејвид Керик (48) ја злоупотребил својата позиција на моќ со цел да ги контролира и заплаши своите жртви, заканувајќи се дека никој нема да им верува на зборот дека припадник на полицијата извршил кривично дело.

    По серијата скандали во полицијата, која и онака се бори со големата недоверба на јавноста, беше издадено извинување.

    Во меѓувреме, портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак истакна дека тоа е „страшен случај”.

    Ова е ужасен случај и мислите на премиерот се со сите жртви. Полицијата мора засекогаш да се ослободи од таквите членови за да ја врати довербата на јавноста, посочи портпаролот на Сунак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img