Непалските власти објавија дека се пронајдени црни кутии во авионот кој при слетувањето падна во провалија при што загинаа најмалку 68 лица.
Портпаролот на непалската управа за цивилно воздухопловство, Јаганат Нираула, изјави дека се пронајдени снимачот на податоци за летот, како и снимачот на глас од пилотската кабина.
Авионот АТР72 на авиокомпанијата Јети ерлајнс (Јети ерлајнс) вчера се урна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара. Во летот имало 72 лица, досега се пронајдени телата на 68 лица, а непалските власти не задржуваат надеж дека меѓу четирите исчезнати лица има преживеани.
Нираула рече дека црните кутии ќе им бидат предадени на истражителите. Денеска во Непал е ден на жалост.
Спасувачите се уште трагаат по четири лица кои се уште се водат како исчезнати. Причината за несреќата се уште не е позната, а вчера времето во Непал беше мирно и немаше ветер.