Џон Леџенд го прекина концертот и соопшти дека сопругата се породила

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатиот пејач Џон Леџенд на концерт ѝ откри на публиката дека се породила неговата сопруга Криси Тајген.

Имено, пејачот ја потврди среќната вест само неколку часа по породувањето.

Крис успеал да изусти само неколку зборови.

– Нека е благословен овој ден – рекол тој.

Пејачот додаде дека не спиел многу, но дека е полн со енергија иако дел од денот поминал во болница.

Леџенд и Тајген веќе се родители на две деца – Мајлс (4) и Луна (6), а радосната вест за третото дете доаѓа откако манекенката го загуби синот во 2020 година во 20-та недела од бременоста.

Парот тогаш се најде на мета на бројни критики, а најмногу ѝ забележуваа на Криси поради споделувањето фотографии со својот починат син. Џон и Криси јавно зборуваа за својата трагична загуба и тешкиот период во животот во кој поранешната манекенка некое време му се препушти на алкохолот.

Share This Article