Уредите треба да разоткријат како авионот се урна при ведро време

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Спасувачките екипи ги пронашле двете црни кутии од патничкиот авион што се урна во близина на непалскиот град Похара, при што загинаа 68 патници, а уште четворица се водат како исчезнати во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, соопштија утринава властите.

Податоците од кутија што ги снима податоците за летот и другата што ги снима разговорите од пилотската кабина со контрола на летот би можеле да ѝ помогнат на истрагата да ја утврди причината за падот на авионот што се урна при ведро време во неделата, непосредно пред да слета на аеродромот во туристичкиот град Похара.

Текнат Ситаула, претставник на аеродромот во Катманду, рече дека двете црни кутии „се во добра состојба“.

– Однадвор изгледаат добро – рече тој.

Спасувачите денеска ја продолжија потрагата по четири исчезнати лица, а Непал за денеска прогласи национален ден на жалост и формираше комитет за истрага на несреќата, кој ќе има задача да предложи мерки за да се избегнат вакви несреќи во иднина.

Досега се пронајдени телата на 68 лица, од 72 колку што се наоѓале во авионот АТР 72 во сопственост на Јети ерлајнс.

Share This Article