Кратко пред собирот на ДУИ во гостиварско Чегране, пратеникот на Беса, Фадиљ Зендели, на Фејсбук го праша Али Ахмети дали за 20 години владеење на ДУИ може да наведе еден проект што го има реализирано на територија на општина Гостивар, а што е важен за граѓаните и за Албанците
„Нема такви проекти, господине Ахмети!“, напиша Зендели.
На прашањето на Зендели на собирот во Чегране одговори Талат Џафери
-А бре Фадиљ Зендели, пратеник на Беса. Поранешен мој војник во 16. бригада. Не ти е ли јасно дека главен проект на Али Ахмети е центарот на Гостивар, кој беше центар на кражби и наркомани во Гостивар, а денеска не е? Во 2005 година, бидејќи за одлуките што ги донесе ДУИ, Али Ахмети, спроведени од екс градоначалникот на општината Невзат Бејта, јас не негирам, центарот на Гостивар стана центар на град и градот се претвори во град тогаш. Но, тоа не го направи еден човек, било Невзат Бејта или Талат Џафери, тоа го направи ДУИ – изјави Талат Џафери.
ДУИ и Невзат Бејта раководеа со Гостивар во периодот 2005-2009 и 2013-2017 година. Во 2017 ДУИ изгуби на избори од Алијанса на Албанците, исто како и на локалните избори во 2021 година.