Од Софија се бара да се „огради“ од „недоличните изјави“ на „одредени фигури““

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од Министерството за надворешни работи денеска соопштија дека по дипломатски пат, соодветно реагирале до официјална Софија, да се огради од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија, и воедно сериозно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји.

– Министерството за надворешни работи со големо внимание ги следи изјавите на одредени маргинални политички фигури од Р. Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави – истакнаа од МНР.

Share This Article