Во Бугарија во тек е голема истрага против организирана криминална група поради трансакции направени од криптобанката Нексо

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Бугарија во тек е голема истрага против организирана криминална група поради трансакции направени од криптобанката Нексо.

– Во тек е истрага против организирана криминална група со глобална меѓународна криминална активност која влијаела на интересите на граѓаните од различни земји. Трансакциите направени преку криптобанката Нексо во период од пет години изнесуваат 94 милијарди долари. Тоа за бугарски медиуми го изјави Сијка Милева, портпарол на јавниот обвинител.

Според неа, групата работи од 2018 година и е формирана со „профитен мотив за даночни кривични дела, перење пари, компјутерска измама, банкарска дејност без лиценца“.

Таа посочи дека во случајот на предистражната постапка, Бугарија ќе соработува со меѓународни експерти и ќе мора да биде ангажиран независен меѓународен ревизор за детално да ја проучува активноста на криптобанката. Додаде дека обвинителството со своите постапки не цели кон политички ефект, а предистражната постапка не се занимава со тоа кој какви донации дал.

Над 300 вработени во истрагата, работат на големата специјална операција што денеска се одвива во Софија. Таа е во канцелариите на криптoфирмата. Некои медиуми јавуваат дека има и уапсени лица.

Информациите се оскудни, а во моментов во тек се сослушувања на сведоци. Она што е познато е дека на територијата на главниот град има активни истражни дејствија против криптобанката којашто создаде и одржува меѓународна платформа за размена и обезбедување кредити за криптовалути.

Според предистражната постапка, утврдено е дека главни организатори на оваа активност се бугарски државјани и главната дејност е од територијата на Бугарија, изјави Милева на брифинг во четвртокот.

Криптобанката работи преку бројни регистрирани комерцијални друштва, од кои најголем дел се т.н. поштенски сандачиња, односно шупливи компании.

Во моментов се прибираат огромен број информации. Вклучени се и странски служби, но Милева одби да наведе кои точно.

- Advertisement -
Ad image

„Платформата функционира во многу земји, тие имаат проблеми во САД и формално ги напуштаат САД, иако тоа не се случи. Претресот и запленувањето се врши на повеќе од 15 адреси. Станува збор за над 3,6 милиони трансакции од и до Нексо, некои од нив од крајно ризични играчи на берзата, објави еден од истражителите.

„Утре се надеваме дека ќе ги сумираме сите информации, бидејќи ова е шема од големи размери“, рече Сиика Милева, одбивајќи да објави дали Нексо е поврзан со пирамидата OneCoin на Ружа Игнатова.

Нексо е во врска со поранешниот пратеник од Реформациониот блок Антони Тренчев, неговиот партнер Коста Канчев, како и со синот на поранешната социјалистичка министерка Лидија Шулева, Георги Шулев.

- Advertisement -
Ad image

Компанијата е тужена од 8 американски држави за прекршување на финансиските регулативи.

Се уште не е јасно дали парите отишле и во една од главните терористички организации, или само на сметките на поединци, кои биле финансирани преку трансфери.

Според некои извори, како сведок бил повикан и Сокол Јанков. Тој е сопственик е на една од најголемите приватни кредитни компании во Бугарија, а според различни јавни извори неговото име се поврзува и со Нексо. Во 2019 година, сепак, тој ја напуштил компанијата.

На распит е повикан и Георги Шулев, синот на поранешната вицепремиерка Лидија Шулева. И тој официјално ја напуштил компанијата пред 4 години.

На Твитер, Нексо излезе со став во кој тврдеше дека перењето пари е невозможно: „Со текот на годините, одбивме многу бизниси затоа што Нексо никогаш не прави компромиси за нашите строги политики за познавајте ги вашите клиенти и против перењето пари. Но, ние отсекогаш знаевме дека на тој начин се гради одржлив бизнис. За жал, со неодамнешната регулаторна акција на криптосистемот, некои регулатори презедоа пристап -прво, после прашувај. Во корумпираните земји, ова се граничи со рекетирање, но и ова ќе помине“.

Share This Article