На четвртиот ден од Светското првенство 2023, ракометната јавност ја тресе голем скандал

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На четвртиот ден од Светското првенство 2023, ракометната јавност ја тресе голем скандал. Како што објави компанијата „Спортрадар”, а потоа и данската телевизија „Спорт ТВ”, судии местеле натпревари, а помеѓу се и најдобрите македонски арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Се работи за триесетина натпревари од 2016 во 2018 година, од Лигата на шампионите и од регионалната СЕХА-лига.

Македонската судиска двојка се сомничи за учество во лажирање резултат на натпреварот Кјелце од Полска со Веспрем од Унгарија на 15 октомври 2017 година во ЛШ. Натпреварот заврши без победник 32:32.

Исто така Начевски – Николов се посочени за учество во местење резултат за средбата од СЕХА меѓу Горење Велење (Совенија) – Целје Пивоварна (Словенија) 25:28 (полувреме 12:12) на 30 август 2017 година.

Помеѓу сомнителните натпревари е и гостувањето на Вардар кај Веспрем на 6 декември 2016 година (28:28, полувреме 12:12).

„Спортрадар” е компанија која анализира спортски податоци во обложувалниците, спортски федерации и медиумските компании.

Share This Article