Осуден убиец избега и рани полицајци, а министерот Оливер Спасовски и премиерот Димитар Ковачевски со денови не можат да го најдат. Дали СДСМ намерно го пушти да избега, прашува ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение.
„Осудениот убиец кој избега, и притоа рани полицајци очигледно добил помош за тоа од власта. Командирот кој бил на смена е човек на СДСМ, тој на неговиот фејсбук профил не ја крие поддршката за оваа партија. Според информациите кои произлегоа од медиумите и од обвинителството, станува јасно дека сега избеганиот добил поддршка од чуварите за тоа. Симптоматично е што првиот одговорен, командирот на смена, е човек кој е поврзан со СДСМ. Истиот тој командир, како полициски службеник на дело, е фатен како прима поткуп, за потоа да наместо никогаш да не биде вработен во служба каде се применува правото, тој е поставен за командир на смена во Идризово“, се вели во соопштението.
Истиот можел, но не побарал асистенција од полицијата, иако се транспортирал осуденик за убиство, потсетува ВМРО-ДПМНЕ и додава:
„Одговорноста не смее да запре со постапка против командирот и полициските службеници, мора да има одговорност и за надредените во службата. Дали осудениот убиец намерно е пуштен да избега, и со каква цел. Спасовски е неспособен да го пронајде сега побегнатиот осуденик за убиство. Оставка од Спасовски и избори час поскоро. Со СДСМ државата само тоне“.