More

    Казни до 26.000 евра за трговците во Хрватска

    spot_img

    Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска најави казни за трговците кои нема да ги вратат старите цени што неоправдано ги покачија при конверзија од куна во евро, кое на 1 јануари стана официјална валута во таа земја.

    Тој на седницата на Владата рече дека тоа се однесува на тие кои неоправдано ги зголемиле цените при претворањето во евро и со тоа ја намалиле куповната моќ на граѓаните и нанеле штета на стопанството со зголемување на и така високата инфлација.

    Исто така тој најави дека надлежните служби ќе ја зајакнат контролата на цените и ги повика граѓаните да продолжат да ги пријавуваат тие кои не ја почитуваат владината одлука да ги вратат цените на нивото кое важеше до 31 декември.

    Освен казните, премиерот најави и можност за укинување на субвенциите за производителите на енергија.

    – Во криза важна е солидарноста и одговорноста и однесувањето кое не е профитерско – рече Пленковиќ.Помошникот на главниот државен инспектор Ведрана Филиповиќ Грчиќ рече дека инспекторите досега извршиле речиси 700 контроли, а во 178 констатирале неоправдано поскапување од 1 јануари.

    Просечните поскапувања во продавниците се и до 13 отсто. Најголем пораст е забележан кај услужните дејности, а потоа во трговијата на мало, особено кај пекарските производи, кои поскапеа за 15 отсто, но некаде се забележани поскапување и до 30 отсто.

    – Во продавниците, повеќе од 70 отсто од субјектите ги вратиле цените пред воведувањето на еврото. Кај фризерските услуги и услугите за нега на тело, цените во просек се зголемени за 20 отсто, а во некои случаи и за 50 отсто – додаде Филиповиќ Грчиќ.

    Висината на казните се движи од 1.000 до 26.000 евра.

    Во Хрватска од 1 јануари официјална валута е еврото, а куната може да се користи до недела, 15 јануари. До крајот на 2023 година, банкнотите и монетите куни ќе може да се менуваат за евра по фиксен курс од 7,5340 во пошти, деловни банки и филијали на Фина, а од 2024 година само во Хрватската народна банка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img