More

    Шолц „мора“ да го праша Бајден, а сите други се спремаат за пролетта?

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го следи водството на Џо Бајден, американскиот претседател во врска со испораката на тенковите „Леопард 2“.  Вака објави порталот Политико во средата. Франција, Полска и Велика Британија исто така ги најавуваат своите возила, но тие во Украина можеби ќе стигнат дури во март. Дали Германија е кочничарот во оваа низа?

    Ќе имаме ли тенковска пролет во Украина и дали Владимир Путин од другата страна се подготвува за слична офанзива?

    Аналитичарите ја гледаат најавата на европските земји како одговор на можните планови на Кремљ. Но, анонимните извори за Политико откриваат дека Германија, во случајот, како уште да  се колеба за тенковите, иако Шолц долго време беше под притисок, и домашен и странски, дека не доставува доволно оружје на фронтот.

    Според двајца неименувани германски функционери, ставот на Шолц за ова прашање „во голема мера зависел“ од Бајден. Шолц неодамна изјави дека ниту една друга земја на НАТО не испратила ваков тип тенкови во Украина, а Германија не треба да биде прва. Тој додаде дека таквите потези треба да се координираат со сојузниците.

    германскиот тенк „Леопард“, фото: твитер/принтскрин

    Па, ако ништо друго испораката од страна на Германија може да влијае на одлуката на Полска. Полјаците соопштија дека ќе пренесат неколку панцири Леопард 2 во Киев „како дел од градењето на коалицијата“. Но, за тоа Берлин треба да даде зелено светло, бидејќи се работи за реизвезување на германски машини од Полска.

    Велика Британија исто така обзнани дека ќе ѝ обезбеди на Украина главни борбени тенкови. На оваа најава портпаролот на германската влада рече дека „сега нема промена во ситуацијата поради чекорот што го најави британската влада“. Тој додаде дека не знаел за какви било барања од сојузниците да испратат борбени тенкови „Леопард“ во Украина.

    Утринава стигна и веста дека Франција ќе ѝ испорача тенкови „АМХ-10 РЦ“ на Украина во рок од два месеци, изјави министерот за вооружени сили на земјата. Себастиен Лекорну рече дека се надева дека ќе ги испорача тенковите до март и истакна дека во Франција има голема поддршка за Украина.

    Дали и како овој притисок ќе влијае на одлуките на Германија?

    – Оваа одлука не е донесена – инистерката за одбрана Кристин Ламбрехт за германската медиумска групација РНД.

    Сепак, Ламбрехт не ги отфрли целосно испораките. „Во времето во кое живееме, добро би ни било советувано да се приспособиме“ на променливите околности, рече министерот, додавајќи дека вистинскиот пристап би бил „да не се исклучи ништо“.

    Она што е потврдено е дека Берлин ќе испрати пешадиски возила „Мардер“, ветување кое претходно го направи кон Киев.

    Истовремено и Американците најавија дека Вашингтон ќе му донира на Киев пешадиски борбени возила „Бредли“.

    И додека и двете страни во војната работат на копнената офанзива, Владимир Путин не губи време ни во поморската битка. Во средата наутро, бродови и подморници на руската морнарица масовно ја напуштија својата база во Новоросијск во Црното Море, пишува порталот „Naval News“. Тоа е многу необичен маневар и можен сигнал дека руската армија подготвува нешто големо, се додава во анализата на порталот.

    Се шпекулира дека Москва подготвува некаква форма на амфибиско слетување. Тоа би можело да се случи во југозападна Украина за да се воспостави копнен мост кон регионот Придњестровје во Молдавија. Оваа непризнаена држава поддржана од Русија се граничи со Украина и отсекогаш се верувало дека целта на Русија е да ја припои кон својата територија.

    Подморниците во ова сценарио би биле вклучени во пошироките разузнавачки или безбедносни мисии на амфибиските бродови.

    Путин работи и на полето на авијацијата, но последните информации покажаа дека неговиот министер за економија уште не набавил воени авиони за тековната година. Ова го разлути рускиот претседател кој му даде месец дена на минитерот да се справи со ситуацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img