Амонијак се излеал од камион цистерна на товарната железничка линија кај Панчево синоќа. Поради тоа 20 луѓе кои живееле во околните куќи биле пренесени во болница во Панчево, а останатите се евакуирани.
Според информациите од утрово, во Панчевската болница во моментов нема пациент поради труење со амонијак.
Директорот на Општата болница Панчево Слободан Овука соопшти дека ноќеска во болницата биле примени 20 лица, меѓу кои имало и деца.
-Две лица беа на кислород, но им беше дозволено и да си одат дома. Ниту еден од пациентите не покажа знаци на акутно труење со амонијак, но имаше поблаги поплаки. Сега се чувствуваат добро и сите се пуштени дома- изјави тој.