Македонската ракометна репрезентација попладнево со чартер лет пристигна во Краков, Полска, каде ќе ги игра натпревари од групната фаза на Светското првенство 2023.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечер ќе одржат и тренинг пред првиот свој настап закажан за утревечер против фаворитот Норвешка.
Другите два противника на македонската репрезентација се Холандија (15 јануари) и Аргентина (17 јануари).