Нови детали испливаa во потрагата по Ана Волш(39), Србинка со потекло од Белград која исчезна на новогодишната ноќ во државата Масачусетс. Пред точно три недели Ана на Инстраграм објавила видео од облеката на нејзините синови бебиња, а некој коментирал „како да знаела што ќе се случи“, јавуваат српските медиуми.
Во описот на видеото Ана напишала дека ќе ги врами како спомен куклите на нејзините синови, нивните први играчки, зајачиња, џемпери и чевли. Дали таа на овој начин се збогувала со нив?
Менди и Мајк Силва, станари во куќата каде живееле Ана и сега веќе уапсениот нејзин сопруг Брајан изјавиле за Ен-Би-Си Бостон дека во домот уште пред шест месеци се случило нешто. Според нив, Ана се брзала да се ослободи од имотот, вклучувајќи ги и автомобилот и станот во кој живееле станарите.
– Тие го продадоа станот на 28-ми или 29-ти, непосредно пред (Ана) да исчезне, и тоа беше продажба во готовина – изјавил Мајк Силва.
Мајк му испратил честитка за Нова година на Брајан, но Брајан му одговорил дури ден подоцна.
„Среќна Нова Година. Извинете за доцнењето. Го изгубив телефонот, мојот син штотуку го најде“, напишал Брајан во пораката што Силва ја сподели со NBC10 Boston.
И Менди, сопругата на Мајк, му пишувала на Брајан.
„Каде е Ана? Брајан, ако знаеш нешто, зошто не зборуваш?”, гласела пораката.
– Таа ми беше пријателка. Ќе донесеше алкохол, шишиња вино за празниците, или ни носеше чоколади, а ние го правевме истото. Ѝ оставав колачиња за неа и нејзините деца – објаснува Менди за медиумите.
Сопругот на Ана, Брајан се изјаснил за невин откако беше уапсен, но не покажал знаци на загриженост.
Истрагата за исчезнувањето на Ана продолжува и влегува во 12-от ден.