More

    По сомнежите за наводно труење со храна на студенти сместени во домот „Пелагонија” во Скопје, мензата од денеска е повторно во функција

    spot_img

    По сомнежите за наводно труење со храна на студенти сместени во домот „Пелагонија” во Скопје, мензата од денеска е повторно во функција. А студентите ќе бидат обештетени поради перидот во којшто кујната беше затворена, изјави за МИА директорот на студентскиот дом Агим Фејзулаху.

    Тој рече дека земените брисеви се негативни на бактеријата, со што забраната од Државниот пазарен испекторат за функционирањето на кујната денеска е тргната.

    – Стигнати се резултатите и од од сите брисеви што се земени од кај нас се негативни, односно не е земена бактерија која би предизвикала труење, по прерземени активности донесена е заедничка одлука да започенеме со работа, да биде тргната забраната за работењето на мензата, бидејќи со појавата на симптомите кај некои студенти државниот санитарен инспекторат донесе забрана се додека не излезат резултатите. Институциите ќе си продолжат со постапувањето со цел утврдување на причината за појавата на симптомите, на нас ни беше важно ние да излеземе чисти и нормално да функционираме со цел да понудиме исхрана – вели Фејзулаху.

    Тој информира дека периодот додека кујната била затворена со цел студентите да не бидат оштетени, ќе биде одредена помала партиципација.

    – За овие денови што беа загубени ние како студентски дом ќе дадеме насоки на студентите да платат помала партиципација, ним да им излеземе по пресрет, бидејќи не по нивна вина беа оштетени на некој начин – објаснува директорот.

    Од ЈЗУ Институт за јавно здравје Скопје и од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје на нивната веб страна исто така соопштија дека храната во домот е безбедна.

    „Добиени се резултати и дека сите шест земени примероци од храна ги задоволуваат прописите за микробиолошка безбедност на храната додека од осум земени бриса кај три примерока испитаните параметри не се во согласност со микробиолошките критериуми за хигиената на површини и предмети кои доаѓаат во контакт со храната. По добиените резултати земени се контролни брисеви од работните површини каде има позитивен наод. На ден 10.01.2023 год извршен е контролен инспекциски надзор по објектот – кујна на ДСД „Пелагонија” при што е констатирано дека е постапено по сите точки. Времената забрана престанува да важи и објектот продолжува со работа“, е наведено во соопштението.

    Тој ден кујната ја користеле околу 600 студенти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img