Кремљ соопшти дека не треба да се „брза“ да се прогласи победа во Соледар по тврдењата на руската паравоена група Вагнер дека ја презела контролата врз градот во источна Украина.
„Не смееме да избрзуваме. Да почекаме официјални соопштенија“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека постои „позитивна динамика во напредувањето“ на руските сили и го поздрави „фантастичното херојство“ на војниците.
Водачот на руската паравоена група Вагнер Евгениј Пригожин претходно денеска изјави дека борците на организацијата ја презеле контролата врз украинскиот град Соледар по интензивните борби оваа недела.