Спотот за евровизиската песна „Circles“ во изведба на Андреа Коевска (22), македонската претставничка на годинешниот Евросонг, денеска беше официјално промовиран.
„Circles“ ја компонираше Александар Масевски а стиховите се на Александар Масевски и Андреа.
Инаку, гласањето за гледачите се одвиваше онлајн, преку сајтот на Македонската радио телевизија, која е и организатор на изборот.
Иако Виктор Апостоловски имаше повеќе гласови од гледачите, сепак, на крајот имаше изедначен скор со Андреа Коевска. Тука пресудни беа гласовите на стручното жири, па Андреа со композицијата „Circles“ оди во Торино.
Андреа со „Circles“ ќе настапи на 66. Избор за песна на Евровизија. Оваа година Евровизија ќе се одржи во Торино, Италија под мототo „Звукот на убавината“.
Инаку, спотот е сниман на повеќе локации во Скопје, а песната имаше и неколку продукциски промени.