Пригожин објави слика од него заедно со платениците наводно внатре во еден од долгите тунели под градот каде Украинците се кријат и чуваат воена опрема

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, објави слика од него заедно со платениците наводно внатре во еден од долгите тунели под градот каде Украинците се кријат и чуваат воена опрема. Тој тврди дека неговите борци ја презеле контролата. Според него, продолжуваат да се водат улични борби.

„Бројот на заробеници ќе биде објавен утре”, се вели во соопштението на Пригожин објавено на веб-страницата на неговата компанија Конкорд.

Соледар се наоѓа во самопрогласената Доњецка Народна Република. Засега нема независна потврда за неговите изјави.

Од друга страна, заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, тврди дека украинските сили ги држат своите борбени позиции во Соледар и се спротивставуваат на масовниот напад на руските сили, кои, како што истакнува, „трпат големи загуби”.
Соледар се наоѓа во близина на Бахмут, важен транспортен центар. Низ тој град минува мрежа од патишта и железници преку кои се снабдуваат украинските војници во Донбас.

Украинската армија се подготвува за можен нов напад на руските копнени сили од Белорусија врз Киев.

– Одбранбените позиции на северот на земјата се веќе подготвени или зајакнати – изјави во вторникот генерал-полковник Олексеј Пављук, кој е одговорен за одбраната на Киев.

Со цел да се спречи брзото напредување на руските тенкови, беа поставени пошироки мински полиња во сите области каде што може да се движат тенковите, додаде тој.

Share This Article