ПРО ЛОКАЛ објавува ПОВИК
за вклучување на 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен и Крушево во активностите на проектот
“Fast Forward – „Развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”
ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ
Економско зајакнување на младите во 7 рурални општини од Пелагонискиот регион;
Зајакнување на претприемачките капацитети на младите од руралните средини во Пелагонискиот регион.
АКТИВНОСТИ
Во рамките на проектот предвидени се обуки (3 модули со по 2 сесии) за 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, Кривогаштани, Долнени и Крушево кои ќе ги водат докажани експерти од областа на претприемништвото. Обуките се на теми:
- Генерирање на претприемачки идеи: унапредување на капацитетите на младите за започнување сопствен бизнис ;
- Донесување одлуки и деловно планирање- пазарна валидација на бизнис идеи;
- Развивање бизнис план.
Обуките се еднодневни и ќе се одржуваат во Битола.
Патните трошоци до/од местото на одржување на обуките се покриени од проектот.
КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО
- Место на живеење во некоја од таргетираните општини: Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен или Крушево,
- Возраст од 18 до 29 години,
- Претприемачки дух и желба за започнување на сопствен бизнис.
ВРЕМЕНСКА РАМКА за реализација на обуките
февруари 2023 – мај 2023
НАЧИН НА АПЛЦИРАЊЕ
Заинтересираните млади потребно е да испратат Пријава во која ќе ги наведат личните податоци и Мотивациско Писмо во кое треба да се наведат причините за учество во активностите на проектот на следната адреса cso.prolocal@gmail.com најдоцна до 20.01.2023 година, со назнака: За учество во проект FAST FORWARD.
КОНТАКТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Сите заинтересирани млади лица од засегнатите општини можат своите прашања за проектот и неговата имплементација да ги постават на cso.prolocal@gmail.com или на телефонските броеви 075/322-323 и 071/307-301.