More

    Викторија Бекам ѝ испрати порака на Никола Пелц

    spot_img

    Модната дизајнерка Викторија Бекам на Инстаграм сподели фотографија од себе и снаата Никола Пелц, која вчера наполни 28 години.

    Викторија во објавата ѝ честиташе роденден на сопругата на својот најстар син Бруклин и напиша: „Ти посакувам прекрасен ден“, што ги збуни нивните многубројни обожаватели, бидејќи се шпекулираше дека Викторија и Никола се во лоши односи.

    Гласините за кавгата помеѓу сверкрваата и снаата се разгореле во текот на празничната сезона кога Никола и Бруклин го поминаа Божиќ одвоени од Бекамови.

     

    Исто така, минатата година странските медиуми пишуваа за тензиите меѓу дамите кои наводно настанале затоа што Никола е љубоморна на вниманието кое секогаш го добива Викторија, поради што ја исклучила од подготовките за свадбата која се одржа во април.

    – Никола не сакаше нејзината идна свекрва да има никаква врска со планирањето на свадбата и не сакаше да ја вклучи во ништо. Комуникацијата беше минимална – рекол изворот.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img