Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо ќе плаќа 283.000 евра месечно за престој во хотел во Саудиска Арабија додека не обезбеди сопствено сместување, пишува порталот Меил онлајн.
Роналдо се пресели во Саудиска Арабија со своето семејство откако таму потпиша договор со клубот Ал Наср до 2025 година. Роналдо и неговото семејство престојуваат во хотелот „Четири сезони“ во Кралската кула, една од највисоките згради во земјата и ќе останат таму додека не најдат доволно добро и задоволително сместување за себе.
Според порталот, Роналдо ги резервирал најдобрите апартмани во хотелот на еден месец, а само една ноќ во кралскиот апартман чини околу 3.700 евра. А бидејќи таму ќе остане најмалку еден месец, а ќе плати и неколку станови одеднаш, како и други услуги, цифрата наводно ќе изнесува околу 283 илјади евра, а можеби и повеќе.