Во време на здравствена и економска криза, во време кога Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски им ја продава едночинката „магла во тетрапак“ на граѓаните на Македонија, Владата тргнала во поход на сузбивање на сивата еконимија, онака левтерно и заткулисно и на голема врата го протежира растот на сивата економија, но и запазувањето на новиот тренд: „Бело за цела младина“…
Ноќни клубови за црни бизниси
Фискални сметки нема ниту за лек, секој оној кој врши казнена евиденција со поставено елече на себе, глуми обезбедување, но што ли е тоа „лиценца за обезбедување“?! Полицајци во цивилки глумат големина од обезбедување, надвор сообраќајната полиција професионално си ја врши селективноста во своето работење, па пропуштаат дури до врата ВИП-возила на познати бизнис-фаци, а на дел од нив дури им глумат со запалени рото-светла во вид на заштита, небаре Бајден доаѓа во посета на ноќниот клуб да го слуша препарираниот Аца Лукас и слични на него…
Од друга страна, од задниот влез онака помпезно најавено доаѓање на елитата од страна на Командирот на полициската станица со неговиот потчинет полициски сталеж и веднаш е обезбедено ВИП-сепаре за „чудото од командир“, кој патем си поставил свои полицајци во цивил низ клубовите да глумат обезбедување, сите со моторили и пиштоли на појас, не за друго туку за да ги чуваат дилерите, за не дај боже да им падне на памет на оние скопски специјалци да влетаат внатре во клубовите и да прават рација, а тогаш задачата е јасна: Исклучувај струја и бегај Бади бегај…
Доколку се погледне Билтенот на настани на СВР Охрид, се доаѓа до фрапантни заклучоци: сите акции на Одделот за сузбивање на наркотици при СВР Охрид и полициската станица Охрид, работат на сузбивање на трговијата со наркотици на грамови, со глупави соопштенија од типот: „фатено е лице со зелена материја“; „фатено е лице со бела прашкаста материја“… Но, и вака оквалификуваните соопштенија имаат одредена цел! Имено, на пример во Охрид сите акции на „чесните“ полицајци се шират во јавноста како пандемија, па така СВР Охрид работи по прицип на рибар: ја фаќаат рибата, ја бакнуваат и ја пуштаат назад во вода, да се размножува, за утре на поедини криминалци со значка да им донесе подобар улов од кој улов ќе можат дебело да профитираат, и така во недоглед…
Каде има добра журка, таму нема сообраќајна полиција…
Каде има добра журка, таму има добар профит, ама нема полиција ниту за лек, нема испектори на УЈП, нема трудов испекторат, едноставно има профит кој во утринските часови по добро сработената журка, треба да се подели. Од една страна, треба да поделат меѓусебно сопствениците на ноќните клубови и барови, а од друга страна, за припадниците на повисоките институции задолжени за контрола на објектите, попривлечен им е приходот кој го остваруваат дилерите затоа што таму има поголема паричка за делење. Имало малолетници во ноќните клубови, па што ако има, мора и тие да тренираат како е да се живее со „преподнобниот“ им идол Аца Лукас, едноставно мора да тренираат како е тоа убаво. „Секс, дрога и турбо фолк…“
Доколку мудреците од власта и надлежните државни испекторати глумат лудило, едноставно е да се дознае колку промет остварил еден ноќен клуб или бар. Доволно е да се помножи цената на продадени влезници – нефискализирани, или лица присутни во клубовите, да се додаде број на продадени коњопои и сепариња во клубот и ќе се доведе приближен количник на остварен промет на објектот, ама тоа не им одговара затоа што тоа се пари кои се делат со оние кои глумат власт на локално и државно ниво, или попознати помеѓу народот како АЈДУЦИ. Само во последната организирана измама од журка во клубот „Хангар“ во Охрид, сопствениците и ВИП-полицајците инкасирале над 100 000 евра, а овој клуб, сместен во поранешните магацини на „Охридска трговија“, не исполнува ниту минимум услови за да биде такво трло за забава и хибридна наркоманизација на граѓаните на Охрид и Македонија…