Еве кои пијалоци предизвикуваат ќелавост

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Еве кои пијалоци предизвикуваат ќелавост
Губењето на косата е во пораст во последните неколку години, а консумирањето премногу засладени и газирани пијалоци може да биде поврзано со уште поголем ризик, сугерира новото истражување, чии резултати беа објавени во списанието Nutrients.

Како што објави Инсајдер, истражувачите од Универзитетот Цингхуа во Пекинг ги прегледале податоците на повеќе од илјада мажи на возраст меѓу 18 и 45 години, снимени од јануари до април 2022 година, за да ги споредат нивните животни навики и опаѓањето на косата, пренесува Индекс.

Тие откриле дека опаѓањето на косата е речиси 30 проценти почеста кај мажите кои имаат дневна навика да пијат еден засладен пијалок како сода, сок, енергетски пијалоци, диетални пијалоци и засладено кафе или чај (вкупно помеѓу еден и три литри на недела).

Исто така, мажите кои пријавиле дека пијат повеќе од еден пијалок засладен со шеќер дневно имале уште поголема веројатност да доживеат губење на косата, до 42 отсто поголем ризик во споредба со оние кои ретко или никогаш не ги консумирале овие пијалоци.

Share This Article