More

    Пресвртна точка во борбата против ракот? Британската влада ќе склучи договор со една од водечките фармацевтски компании во светот

    spot_img

    Баркли во петок треба да потпише меморандум за разбирање со германската компанија BioNTech за што поскоро да им ги направи на луѓето достапни најдобрите лекови за рак.Ова значи дека персонализираните терапии со mRNA, вклучително и вакцините за рак, може да бидат достапни за британските пациенти со рак уште оваа есен.

    BioNTech и Pfizer заеднички развија mRNA вакцина против новиот коронавирус.

    Во партнерство со британската влада, компанијата би можела да достави околу 10.000 дози третман за рак на британски пациенти до 2030 година.

    Откако ќе се открие ракот, треба да бидеме подготвени да ги понудиме најдобрите лекови и терапија што е можно поскоро, вклучително и терапии за рак на дојка, белите дробови и панкреасот, рече Баркли.

    Тој верува дека компанијата што му помогна на светот во борбата против Ковид-19 е совршен партнер за договор за заедничка работа на вакцините против ракот.

    Британските пациенти ќе бидат меѓу првите кои ќе учествуваат во испитувања и тестирања за да развијат насочени, персонализирани и прецизни третмани користејќи нови трансформативни терапии за лекување на постоечките видови на рак и спречување на болеста да се врати.Овој договор, истакна Баркли, е продолжение на ветувањето на владата дека ќе издвојува 20 милијарди фунти годишно за истражување и развој, се со цел поефикасно лекување на пациентите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img