More

    Важна вест – Одобрен лек за Алцхајмер, погледнете колку чини

    spot_img

    Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во петокот го одобри лекот за Алцхајмерова болест Леканемаб за пациенти во најраните стадиуми на болеста, развиен од јапонската фармацевтска компанија Еисаи и американската Биоген.

    Лекот, кој ќе се продава под името Leqembi, припаѓа на класа на третмани насочени кон забавување на прогресијата на невродегенеративната болест со отстранување на лепливи грутки од токсичниот бета амилоид протеин од мозокот.

    Речиси сите претходни експериментални лекови кои го користеле овој пристап биле неуспешни.

    „Денешните вести се неверојатно важни“, рече главниот научен директор на Фондацијата за откривање лекови за Алцхајмерова болест, д-р Хауард Филит. „Годините на истражување за она што несомнено е најсложената болест со која се соочуваат луѓето дава резултат и ни дава надеж дека не само што можеме да ја третираме Алцхајмеровата, туку и да ја спречиме“, додаде тој.

    Еисаи најави дека лекот ќе биде лансиран по годишна цена од 26.500 долари.

    Јапонската компанија соопшти дека исто така планира да поднесе барање за одобрување на Leqembi во Јапонија и Европската унија до крајот на деловната година на 31 март.

    Еисаи процени дека бројот на пациенти во САД кои ги исполнуваат условите за лекот ќе достигне околу 100.000 во рок од три години, постепено зголемувајќи се на среден до долг рок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img