Новиот сој на коронавирусот – XББ. 1.5, со голема брзина се шири низ светот, а според податоците на Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата.
Новиот вид познат и како Кракен, откриен е во најмалку 29 земји откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Дејли мејл”. По појавата на Кракен, забележан е голем пораст на бројот на заболени, што е прво забрзување од таа големина од појавувањето на Омикрон минатата зима.
Кракен иако е многу заразен, според експертит сојот всушност е „роднина” на омикрон и е релативно понеопасен од неговиот претходник.
На здравствените работници во Велика Британија им е препорачано да носат маски, да работат од дома кога можат и да одржуваат социјална дистанца, со што се постои „ризик од колапс” на британскиот здравствен систем, истакнува „Дејли мејл”.
Според истражувањата откриено е дека кракен е спој на подсоевите БА. 2.10.1. и БА.2.75 и сочинува 75 проценти од случаите во најпогодените делови на САД.
Експертот од Мелбурн, Мајк Хани истакна дека во Велика Британија се регистрирани 28 случаи на кракен, од кои 24 во Англија, два во Велс и по еден во Северна Ирска и Шкотска.
Водечките германски здравствени власти денеска изразија загриженост за новиот вид, а Германија досега пријавила еден случај.